Средба на Таравари со специјалниот претставник за Западен Балкан, Матисен, и норвешката амбасадорка Мелсом

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, придружуван од генералниот секретар на партијата Блерант Рамадани, денеска остварил средба со специјалниот претставник за Западен Балкан, Ерик Нестас Матисен, и со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом.
Како што соопшти Алијанса за Албанците во коалицијата Вреди, на средбата се дискутирало за предизвиците и можностите со кои се соочува нашата земја.
-Вклучувајќи го евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и конкретните чекори што треба да се преземат за да се забрза овој пат. Потенциравме дека политичките, економските и институционалните реформи мора да бидат во согласност со стандардите на Европската Унија, со заложба за координиран и конструктивен пристап. Посебен фокус беше ставен и на соработката во областа на здравството помеѓу Северна Македонија и Норвешка, се наведува во соопштението од партијата на Таравари. хс/аа/
Фото: Алијанса за Албанците - Арбен Таравари