• петок, 05 декември 2025

Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје

Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје

Скопје, 3 август 2025 (МИА) - Градот Скопје соопшти дека утре, 4 август (понеделник),  ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје.

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од  утре до четврток, од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. 

-Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите,  апелираат од Град Скопје. вг/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан