Средба на Сергеј Шојгу со Ким Џонг-ун во Пјонгјанг
- Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, во Пјонгјанг разговараше за војната во Украина со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, чија земја ѝ пружа воена помош на Москва.
Пјонгјанг, 4 јуни 2025 (МИА) - Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, во Пјонгјанг разговараше за војната во Украина со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, чија земја ѝ пружа воена помош на Москва.
„Двете страни разговараа за соработката во различни области и разменија ставови за ситуацијата околу кризата во Украина и Корејскиот Полуостров“, соопшти руската амбасада во Пјонгјанг преку апликацијата „Телеграм“.
Советот за безбедност на Русија, важен советодавен орган што често се среќава со претседателот Владимир Путин, претходно соопшти дека разговорите ќе се фокусираат на спроведувањето на одредени клаузи од договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја, како и на оддавањето почит на корејските војници што учествувале во ослободувањето на Курската област.
Посетата на Шојгу, поранешен министер за одбрана, го илустрира зближувањето меѓу Москва и Пјонгјанг. Неговата претходна посета на Северна Кореја беше во март. ссм/
фото: архива