• недела, 22 декември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски на маргините на 60. Минхенска безбедносна конференција, вчеравечер оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата, двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи, изразувајќи задоволство од негувањето на традиционалното партнерство и пријателство меѓу двете држави.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Милатовиќ оцениле дека Северна Македонија и Црна Гора, како сојузници во НАТО и земји со стратешка определба за членство во ЕУ, споделуваат исти вредности, притоа нагласувајќи ја потребата од засилена регионална соработка, како клучен предуслов за одржување на стабилноста и поголем економски просперитет на земјите од Западен Балкан. ев/

 

Остани поврзан