Средба на Муцунски со aмбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти
- За време на разговорот беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово оствари средба со амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти.
-За време на разговорот беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Во разговорите со својот соговорник, министерот Муцунски ги поздравил континуираните заложби на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта на меѓународната сцена, посебно вреднувани заради вековните заложби за воздигнување на хуманоста и меѓусебното разбирање.
На средбата биле разменети мислења за можностите за потпишување на рамковен договор за соработка кој би можел да овозможи зголемена соработка во повеќе области кои се во согласност со природата на работата на Редот, како здравство, социјална работа, хуманитарни активности. дма/нд/
Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија