• петок, 05 јули 2024

Средба на дебарскиот локален совет за превенција за координација на потребните активности

Средба на дебарскиот локален совет за превенција за координација на потребните активности

Дебар, 5 јули 2024 (МИА) - Под раководство на градоначалникот Хекуран Дука, во просториите на општина Дебар, одржана е втората средба на Локалниот совет за превенција,  кое е многу значајно тело, кое со своето функционирање ќе овозможи спречување на појави кои создаваат проблеми во општината, информираа од Општина Дебар. 

-Советот заседаваше за да координира некои заеднички активности кои ќе имаат многу позитивен ефект, особено во регулирањето на сообраќајот во градот, проблемот со питачите кои доаѓаат во нашиот град, проблемот со паркирањето и стационирањето на комбињата кои сообраќаат во општината и оние кои доаѓаат од надвор, додаваат од општината. 

Исто така разгледан бил и проблемот со паркирањето автомобили по тротоарите и некои други проблеми кои со заедничка заложба ќе се решат за рекордно време.

Поради очекуваното масовно доаѓање на иселениците, главно од западно европските земји, но и престојот на поранешни жители и мивни потомци во родните села, што видно ја зголемува фреквенцијата на возила, со цел да се надмине проблемот со паркинг места, се разгледала можноста и годинава, како и претходните, за тоа да се отстапи просторот кај деветолетката „Пенестија“.

Во Локаланиот совет за превенција, освен претставници од различни единици на општинската администрација, членуваат и  претседателот на Советот на општината, Фуат Спахиу, командирот на  Полициската станица од општа надлежност, Дритан Бакали, командирот на противпожарната единица Џетан Мифтароски, како и Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Полициската станица со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, исто како што „Стандард“ со вода за пиење преку водоводот Росоки-Дебар, ги снабдува општините Дебар и дел на Центар Жупа, додека  ТППЕ интервенира во овие две општини, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Како што наведуваат од општината, Советот за превенција ќе се состанува редовно еднаш месечно а по потреба и почесто. вт/дма/

Фото:Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан