• недела, 22 декември 2024

Средба Лимани - Чеку на Форумот за млади во Берлин

Средба Лимани - Чеку на Форумот за млади во Берлин

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска имал средба со  министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрула Чеку,  за време на работната посета на Берлин каде што учествува на Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес.

Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, Лимани и Чеку разговарале за значењето на влезот на Западен Балкан во Европската Унија „со акцент на тоа дека еднаквоста на сите држави треба да биде принцип кој ќе се почитува, без условувања“.

-Министрите зборуваа и за продлабочување на соработката во областа на младите, размена на позитивни искуства со акцент дека заедничките  заложби за подобро утре на младите треба да се преточат во дела, за придобивките да станат препознаени и видливи, се наведува во соопштението. хс/цр

Фото:   Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан