• понеделник, 30 декември 2024

Средба Зеленски - Руте

Средба Зеленски - Руте

Киев, 4 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој e во посета на Киев. Тоа е негова прва посета по преземањето на функцијата.

- Јасно е колку е важно целосно да се имплементира секој наш договор за поддршка во областа на одбраната, што е неопходно за завршување на оваа војна (со Русија), истакна Зеленски.

Тој додаде дека „тоа што функционира на небото на Блиски Исток и помага во одбрана на Израел може да дејствува и на небото во нашиот дел од Европа“.

Украина ќе продолжи да ги убедува своите партнетри да воведеатр средстав за ефикасна заштита на небото, посочи Зеленски. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан