• среда, 01 јануари 2025

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници

Атина, 30 декември 2024 (МИА) – Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина.

Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила посетеноста на продавниците во Солун, додека пак во градот сообраќаат 15.000 возила помалку.

- Метрото му дава нов живот на градот, намалувајќи ја употребата на возила и зајакнувајќи го пазарот. Заедно градиме поодржлив и пофункционален Солун, истакна Јулекас.

На состанокот што бил одржан денеска со Координативен совет разговарале и за создавање паркинг места во близина на метро станиците, како и за намалување на проблемите создадени во сообраќајот поради изградбата на обиколницата fly over. ср/ссм/

Остани поврзан