Средба Арбер Адеми со Роберт Декер, заменик амбасадор на Кралството Холандија
- Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, денеска имаше средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја
Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, денеска имаше средба со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја, Роберт Декер.
Адеми го информирал Декер за текот на скринингот на нашата земја со ЕУ во Брисел, при што посочил дека имаме позитивни оценки за нивото на подготвеноста на нашата администрација и одличниот старт на процесот, од страна на Европската комисија.
- Истакна, дека државата е свесна за потребата да се усвојат уставните измени, со цел внесување на бугарската заедница во Уставот на Република Северна Македонија за да може да ги почне преговорите по кластери. Притоа, нагласи дека опозицијата треба да се вклучи во процесот на измена на Уставот, со што ќе докаже дека е за европска иднина на земјата, се наведува во соопштението од Комисијата.
Декер истакнал дека Холандија ја поддржува европската перспектива на нашата земја, но дека претходно мора да ги заврши своите задачи, кои се вметнати во шесте кластери, при што како особено важни ги нагласил Поглавјето 23: Правосудство и фунадаментални права и Поглавјето и 24:Правда,слобода и безбеднсот.
На средбата биле разменети мислења и ставови за актуелните политички состојби во земјата ЕУ,со осврт на можностите за унапредување на евроинтегративните процеси во земјата. цр/аа/