• четврток, 25 јули 2024

Паралелна конференција за граѓанско општество за крај со претседавањето со ОБСЕ

Паралелна конференција за граѓанско општество за крај со претседавањето со ОБСЕ

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во  Министерството за надворешни работи денеска треба да се одржи Паралелната конференција за граѓанско општество, што го одбележува крајот на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

-Конференцијата овозможува креирање на платформа каде што бројни експерти, владини претставници и граѓански активисти ќе можат да воспоставуват дијалог за клучните прашања со кои се соочува граѓанското општество во Северна Македонија,  во регионот на југоисточна Европа, како и ОБСЕ регионот, информира Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Настанот, појаснуваат, ќе обезбеди можност за значаен дијалог, споделување на знаење и заеднички иницијативи.

Целта е да се претстави извештајот за Самоевалуација на човековата димензија и воедно да се поддржи вмрежувањето и градењето на партнерства помеѓу граѓанските организации, претставниците на владини институции и меѓународните организации, за зајакнување на меѓусебната соработка.

-Дискусијата ќе се продлабочи во врска и со меѓународни злосторства и кривично гонење за време на вооружени конфликти, моменталната состојба на тортура и принудни исчезнувања, како и предизвиците со кои се соочува граѓанското општество во ОБСЕ регионот, имајќи го предвид контекстот на војни и конфликти. Дополнително ќе биде претставена и Скопската декларација, стои во најавата за настанот. лв/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан