• петок, 05 јули 2024

Сребрениот медал од ЛЕ, Мурињо го подари на навивач на Рома

Сребрениот медал од ЛЕ, Мурињо го подари на навивач на Рома

Будимпешта, 1 јуни 2023 (МИА) – Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, медалот добиен за учеството во финалето на Лига Европа го даде на млад навивач кој беше на трибините на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

 

На одење кон соблекувалната, Мурињо отиде кон една од трибините каде беа сместени навивачите на римјаните и му го дофрли сребрениот медал на едно момче.

 

Рома го загуби финалето со Севилја по изведувањето пенали.

 

Поразот од Севилја беше прв за Мурињо во финале од европските купови. Португалецот ги доби претходните пет финалиња. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан