• понеделник, 15 јули 2024

Србија: Од Крени-Промени тврдат дека Шолц и Фон дер Лајен доаѓаат кај Вучиќ да им испорача ископ на литиум

Србија: Од Крени-Промени тврдат дека Шолц и Фон дер Лајен доаѓаат кај Вучиќ да им испорача ископ на литиум

Белград, 15 јули 2024 (МИА) - Шефот на кампањата на движењето „Крени -Промени“, Саво Манојловиќ, денеска објави дека германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен наскоро ќе ја посетат Србија за да се осигураат дека во Србија илегално ќе се ископува литиум.

Тој додаде дека Шолц и Фон дер Лајен ќе се сретнат со претседателот Вучиќ „како лице кое ќе им го испорача тоа“.

-Следните задачи на Владата до крајот на годинава се Просторниот план на Лозница и донесувањето физибилити студијата, посочи Манојловиќ.

Тој нагласи дека со тоа целосно се погазува правниот поредок и демократијата во Република Србија како темелни европски вредности.

„Ова е политика на стабилократија - поддршка на автократи кои ги кршат законите, но како колонијализам ги исполнуваат своите задачи и ја уништуваат сопствената земја, заклучи Манојловиќ, пренесе Бета.зш/

Остани поврзан