• среда, 28 август 2024

Спрудс: Во Летонија до 2028 година да биде воведен задолжителен воен рок за жените

Спрудс: Во Летонија до 2028 година да биде воведен задолжителен воен рок за жените

Рига, 27 август 2024 (МИА) – Министерот за одбрана на Летонија, Андрис Спрудс изјави дека ја поддржува идејата до 2028 година во земјата да биде воведен задолжителен воен рок за жените.

- До 2028 година треба да заврши националната подготовка за тоа: јавна дебата, подобрување на инфраструктурата и набавка на опрема што е специфична за жените, објави Спрудс на Икс.

Летонија, која граничи со Русија, минатата година го врати задолжителниот воен рок за мажите, што беше укинат во 2006 година. Летонија пред извесен период одобри 12-годишен план за развој на армијата.

Од почетокот н а руската инвазија врз Укриана во 2022 година европските држави се обидуваат за ги зајакнат армиите. Шведска и Литванија по анексијата на Крим од страна на Русија го вратија задолжителниот воен рок.

Задолжителниот воен рок за жените е реткост во Европа. Во март Данска најави дека планира да воведе задолжителен воен рок за жените. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан