• сабота, 27 април 2024

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП Меџитлија

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП  Меџитлија

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - На граничниот премин Меџитлија е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа. 

- Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор  пронајдени се непријавени 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, стои во соопштението од Царинската управа.

Непријавените производи, се подвлекува, се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка. цр/дма/

Фото: Царинска управа

 

Остани поврзан