• петок, 15 ноември 2024

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Скопје, 27 април 2024 (МИА) – Во Веро центар во Скопје денеска од 10 до 14 часот ќе се одржи хуманитарен настан наменет за лицата со церебрална парализа насловен „Хуман Велигден за сите“.

Како што информираат организаторите, на овој настан ќе се изработуваат и продаваат уникатни фигури направени од чоколадо, за најмладите ќе има детска велигденска работилница за креативни изработки, а посетителите ќе уживаат во богата музичка програма, танчерски настапи и во други бројни изненадувања наменети за сите возрасти. 

Собраните средства од хуманитарниот настан ќе бидат наменети за опремување на центарот за лицата со церебрална парализа од здружението „Соѕвездие“. ар/нд/

 

 

Остани поврзан