Спречени два пожара во Кавадаречко
- - По пријава од ИГМ Трејд, веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Кавадарци и спречен е голем пожар во една од халите на компанијата. Запалена е инсталација на една од машините. Интервенирано е со двајца пожарникари и еден противпожарен камион, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Кавадарци, 2 август 2023 (МИА) - Спречени се два пожара попладнево во Кавадаречко, информираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
- По пријава од ИГМ Трејд, веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Кавадарци и спречен е голем пожар во една од халите на компанијата. Запалена е инсталација на една од машините. Интервенирано е со двајца пожарникари и еден противпожарен камион, соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Поголема штета била спречена и во кавадаречкото село Возарци.
- Запалена дрвена бандера во село Возарци. За среќа , спречена е поголема штета благодарение на полицаецот Ристе Илов, кој интервенирал и ја повикал службата на ТППЕ Кавадарци, се наведува во информацијата. свд/лв/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Јанчев