• четврток, 21 ноември 2024

Спортската арбитража ја отфрли жалбата на Олимпискиот комитет на Русија

Спортската арбитража ја отфрли жалбата на Олимпискиот комитет на Русија

 

Лозана, 23 февруари 2024 (МИА) – Судот за спортска арбитража (ЦАС) објави денеска дека ја отфрли жалбата на рускиот олимписки Комитег против одлуката на Меѓународниот олимписки одбор (ИОК) на изречената суспензија во ноември лани поради признавањето на регионалните спортски организации во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

ИОК својата одлука за суспензија ја донесе со образложение дека признавањето на регионалните комитети на делот од украинската територија окупиран од Русија претставува кршење на олимписката Повелба, бидејќи со тоа е нарушен територијалниот интегритет на Олимпискиот комитет на Украина.

„Комисијата на ЦАС задолжена за ова прашање заклучи дека Извршниот комитет на ОИК постапил во согласност со принципите на легалност, еднаквост, предвидливост или пропорционалност“, се наведува во судската одлука.

По почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, ИОК им забрани на руските и белоруските спортисти да настапуваат на меѓународната сцена, но лани ја модификуваше својата одлука овозможувајќи им на спортистите од овие две земји враќање на меѓународните натпреварувања, но под неутрален статус. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан