• среда, 15 мај 2024

СПМ: Поддршка на ССМ да ја зачува зградата која е изградена со самопридонес на работниците

СПМ: Поддршка на ССМ да ја зачува зградата која е изградена со самопридонес на работниците

31 јануари 2024 

Социјалистичката партија на Македонија изразува поддршка на ССМ во напорите да ја зачува зградата која е изградена со самопридонес на работниците. 
За СПМ е неразбирливо зошто Врховниот суд одлучил спротивно на досегашните одлуки и спротивно и на одлуката на Уставниот суд од 1992 год.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека партизираното судство по којзнае кој пат донесува одлука која се темели на интересите на некој самонабедени малограѓански елити од ДУИ СДС, како главни виновници за новото пљачкосување на македонските работници.


Го повикуваме Врховниот суд, да го искористи правото за преиспитување на сопствената одлука, да ја преиначи и да го намали срамот кој самиот си го нанесе.
Крајно време е да се врати владеењето на правото и на правната држава.


Порачуваме дека после 8-ми мај, новата Влада ќе пристапи кон донесување на конкретни решенија во насоки на враќање на правдата во Македонија.

Социјалистичката партија на Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан