• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ на регионален министерски состанок за Планот за раст и регионален лидерски самит на Западен Балкан во Црна Гора

Маричиќ на регионален министерски состанок за Планот за раст и регионален лидерски самит на Западен Балкан во Црна Гора

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска престојува во дводневна посета на Котор каде што ќе учествува на министерскиот регионален состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст и ќе биде дел од делегацијата на Регионалниот самит на лидери, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. 

Состанокот на министрите и вицепремиерите на Западен Балкан, додаваат од СЕП, му претходи на утрешниот Лидерски самит на кој ќе учествуваат лидерите на земјите од регионот на Западен Балкан, како и највисоките претставници на Европската Комисија. 

На состанокот, според најавите, ќе се дискутираат приоритетите и следните чекори што ќе се превземат за реализација на Планот за раст во регионот на Западен Балкан. сст/бак/

фото МИА архива 

 

 

Остани поврзан