• вторник, 14 мај 2024

СПМ: За разлика од партиите на власт опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени

СПМ: За разлика од партиите на власт опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени

Скопје, 24 јануари 2024

Социјалистичката партија на Македонија со интерес ги следи неиздржаните и инфантилни тези на СДС и ДУИ за опозицискиот наводно недефиниран пат за евроинтеграцијата. Ова делување може да се окавалификува и како црн политички хумор со оглед на реално ограничениот капацитет на СДС и ДУИ за евроинтегративна визија. Впрочем и двете ретроградни партии природно инклинираат кон неевропски криминално коруптивни концепти што е повеќе од очигледно.

За разлика од партиите на власт опозициските ставови и определба за членство во ЕУ се јасни и недвосмислени. Впрочем, историски делувањето на македонските опозициски партии СПМ и ВМРО-ДПМНЕ е на европските простори, каде што природно припаѓаат, и е над 120 години.

Оттаму ги потсетуваме во СДС и ДУИ дека членството во ЕУ не зависи од наметнати условувања и уцени туку од изразената мнозинска воља на македонските граѓани и довербата која тие ќе и ја дадат на опозицијата како на вистински и единствен европски политички фактор.

Социјалистичката партија на Македонија им укажува на граѓаните дека одбележувањето на европскиот пат ќе го направат со масовна изборна излезност со што ќе ја осигураат убедливата победа врз предавничката власт, повторното освојување на демократијата, враќањето на државата и конечното ослободување.

Социјалистичка партија на Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан