Спинацола потпиша со Наполи
- Агентот Давиде Липи, кој го застапува дефанзивецот на италијанската репрезентација Леонардо Спинацола, изјави дека фудбалерот потпишал договор со Наполи.
Неапол, 9 јули 2024 (МИА) - Агентот Давиде Липи, кој го застапува дефанзивецот на италијанската репрезентација Леонардо Спинацола, изјави дека фудбалерот потпишал договор со Наполи.
Поранешниот играч на Рома се договорил со „наполитанците“ да потпише договор до летото 2026 година.
-Само што потпишавме договор со Наполи. Тоа се случи утрово, рече Липи.
Претходниот клуб на Спинацола беше Рома, за која настапуваше од јули 2019 година. Во сезоната 2023/24, фудбалерот постигна 1 гол и направи 4 асистенции на 36 натпревари за Римјаните во сите натпреварувања.
На крајот на сезоната 2023/24, играчот го напушти Вечниот град поради истекот на неговиот договор. дс
Фото: Принтскрин