Фратеси во конфликт со Инзаги поради финалето на ЛШ
- Фудбалерот од средниот ред на Интер, Давиде Фратеси, не се појави во игра во загубеното финале против Пари Сен Жермен (0:5) во Лигата на шампионите, а потоа побара објаснување од тренерот на тимот, Симоне Инзаги, пишува весникот „Газета дело Спорт“.

Минхен, 1 јуни 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Интер, Давиде Фратеси, не се појави во игра во загубеното финале против Пари Сен Жермен (0:5) во Лигата на шампионите, а потоа побара објаснување од тренерот на тимот, Симоне Инзаги, пишува весникот „Газета дело Спорт“.
„Зошто не ме пушти да играм?“, праша Фратеси, кој беше автор на одлучувачките голови против Баерн Минхен и Барселона на патот на „нероазурите“ до финалето на турнирот.
Фратеси, кој има 7 гола на 47 натпревари оваа сезона, очекувал поголема почит од тренерскиот штаб и доколку Инзаги остане на чело на Интер, сигурно ќе го напушти тимот на лето.
Репрезентативецот има договор со Интер до 2028 година, а неговата пазарна вредност е околу 40 милиони евра. дс
Фото: Принтскеин