• недела, 12 мај 2024

Спасовски: Честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство на сите граѓани

Спасовски: Честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство на сите граѓани

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на Архиерејска литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски" во Скопје, од каде во име на Владата и МВР на сите граѓани им посака многу здравје, среќа и единство.

- На сите православни верници им посакувам честит Божик, духовен мир, многу здравје, среќа, единство што е најмногу потребно, а на сите граѓани да посакам здравје, среќа и заеднички да празнуваме, заеднички да ја градиме Македонија со просперитет и напредок за секој, изјави Спасовски, по богослужбата на Архиепископот г. г. Стефан.

Лепче со паричка за Бадник, посочи Спасовски е традиција во семејството. - Паричката се падна кај мајка ми, кратко рече Спасовски. ра/аа/

Фото: МВР

Остани поврзан