• петок, 03 мај 2024

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Скопје, 10 април 2024 

Носителот на Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеака со младите од Куманово разговараше за Манифестот на СДММ и за европскиот концепт.

„Најдобрата енергија ја носат младите луѓе. Го промовиравме Манифестот на СДММ за европска иднина во Македонија - токму од мое, борбено Куманово! Ги остваруваме стратешките цели - членка на НАТО сме и ги почнуваме преговорите со ЕУ и токму вклученоста на младите е уште поважна за европска иднина за сите. Правиме простор младите да ја креираат иднината!“, рече Спасовски.

„И ве повикувам да се борите, да се ангажирате за вашата иднина“, додаде тој.

„Ако направиме паралела од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имате мир и спокој да се изразувате и дружите, наспроти времето на тепање на студенти од 2016. Цврсто стојам и силно ќе се борам да се имплементираат сите мерки во програмата, за квалитетно образование, здравство и младински политики кои ќе бидат реалност во Македонија. И само еден од кандидатите го застапува овој европски концепт за младите - нашиот претседател Стево“, рече Спасовски.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан