• четврток, 19 декември 2024

Спасовски - Нехамер: Засилена борба против нелегалната миграција, организираниот криминал и шверцот на луѓе, Австрија ќе понуди дронови за заштита на границите

Спасовски - Нехамер: Засилена борба против нелегалната миграција, организираниот криминал и шверцот на луѓе, Австрија ќе понуди дронови за заштита на границите
Скопје, 27 април 2021 (МИА) – Средбата со сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија, Карл Нехамер е значајна и има повеќекратно значење, не само заради фокусот на разговорите за време на билатералната средба, посветен на заедничката Платформа за координација за борба против трговија со луѓе и спречување илегална миграција долж Источно-Медитеранската рута, чијшто иницијатор спроведувач е Република Австрија, туку и заради продлабочување на нашите долгогодишни и партнерски односи како министерства за внатрешни работи, особено низ призмата на веќе воспоставената нормативна рамка со Договорот за полициска соработка меѓу двете земји, што секако ќе придонесе за зајакнување на нашите позиции при заедничко учество во меѓународните иницијативи. Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната заедничка прес-конференција со сојузниот министер за внатрешни работи на Република Австрија, Карл Нехамер. Спасовски и Нехамер заеднички констатирале дека надградувањето на билатералната, но и пошироката регионална и мултилатерална соработка во секој поглед, е неопходно, пред сѐ во поглед на веќе конкретните и воспоставени концепти и механизми на соработка. Дотолку повеќе што станува збор за прашања што подеднакво нѐ тангираат и се подеднакво важни не само за земјите од регионов, што се во непосреден допир со проблематиката на илегалната миграција, туку, потенцира Спасовски, и за останатите европски земји, влучително и Република Австрија. - Радува фактот што Република Северна Македонија добива сериозна поддршка и помош во справувањето со овие проблеми, коишто се огледуваат и во постојаното присуство на наши колеги од министерствата за внатрешни работи од повеќе земји членки на ЕУ, меѓу кои, се разбира, и од австриската полиција, во заедничките операции на нашата јужна граница, како и неспорната заложба на Република Австрија за спроведување на иницијативата за „Заедничка координативна платформа“. Токму со неа се промовира и ефектуира поквалитетна координација на мерките против илегалната миграција, дополнително зајакнувајќи ја оперативната соработка и утврдувајќи ги координираните активности во областите на гранична заштита, враќање на мигрантите, гранично управување и процедурите за азил, рече министерот Спасовски. На средбата разговарале и за важноста од натамошно продолабочување на соработката во рамки на Салцбуршкиот форум, механизам на соработка на земјите од Западниот Балкан, кој што претставува реална и конкретна можност за зајакнување на регионалната соработка во областа на внатрешната безбедност, преку размена на сознанија, информации и ставови, како и за соработката со трети земји, што е веќе дел од областите дефинирани како фокус на работа и активности на форумот. Во насока на натамошно интензивирање на евроатлантската агенда до полноправно асоцирање на Република Северна Македонија во ЕУ, на средбата било истакнато дека започнувањето на процесот на преговори ќе значи силен поттик за забрзано спроведување на реформските процеси, и ќе биде и силен импетус за обезбедување натамошен демократски и економски развој на државата. -  Во таа смисла го нагласивме исклучителното значење од помош и поддршка на Република Австрија, како една од постарите членки со долгогодишно искуство во оваа заедница на земји, особено во имплементирање на ЕУ стандардите за Поглавјето 24. (Правда, слобода и безбедност). Со мојот драг гостин се согласивме дека предизвиците со кои се соочуваме се заеднички, а со самото тоа и борбата е заедничка, а единствено преку меѓусебна поддршка, истрајност и зајакната соработка ќе бидеме победници во борбата против организираниот криминал и сите останати видови криминал со кои се соочуваме – што е наша заедничка цел, рече Спасовски на прес-конференцијата. Австрискиот сојузен министер за внатрешни работи, Нехамер истакна дека Северна Македонија е силен партнер е силен партнер во борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал и шверцот на луѓе. -  Северна Македонија е силен партнер кога се работи во борбата против тероризмот и затоа е одлучна како држава и Северна Македонија е силен партнер кога се работи за тоа да овие историски важни простори на Западен Балкан, но исто така и со сите свои предизвици што ги имаме ние како Австрија и како ЕУ дека навистина тоа е мост што Австрија овде го гради кон Северна Македонија исто како што го прави и кон Србија и кон БиХ затоа што ни е важно и мене ми е важно како министер за внатрешни работи на ова патување тоа да го искажам, рече Нехамер, додавајќи дека доверливата меѓусебна соработка е извонредна и неверојатна предност кога се работи во борбата против организираниот криминал и шверцот на луѓе. Тој потенцира дека сакаат да дефинираат три сигурносни мрежи во Австрија – заштитата на границите на ЕУ, заштитата на границите на земјите од Западен Балкан и своите сопствени граници. - Заштитата на Западен Балкан значи дека имаме интензивна соработка исто така со австриските полицајци и полицајки еден до друг, рамо до рамо со македонските колеги и секако дека тоа е многу силна поврзаност. Простете што ќе кажам, но исто така и македонската граница  е исто така и австриска граница кога се работи за борба против тероризмот, организираниот криминал, но исто така е против и феноменот на незаконска миграција, рече меѓу другото австрискиот сојузен министер за внатрешни работи, Нехамер. Во Виена минатата година со поддршка исто така на Северна Македонија, потсети, е  формирана Џи Си Пи, тоа е платформата против нелегална миграција што служи сите мерки во ЕУ од земјите од Западен Балкан, но исто така и со земјите од Западен Балкан заеднички да ги координираме во борбата против незаконска миграција. На новинарско прашање од австриски новинар како понатаму Австрија покрај 15 полицајци ќе продолжи со соработката во соработката за чување и набљудување на границите, Нехамер меѓу другото спомена дека австриските полицајци имаат мобилни топлински камери монтирани на возила, и имаат извонердна соработка со македонската полиција. Најави дека ако бидат побарани повеќе полицајци од Австрија за заштита на границите на С Македонија, таа молба, како што рече, ќе биде прифатена и соработката ќе биде проширена. Тој информира дека во Австрија сега во тек е проект за набавка на дронови кои се најкорисни за надзор на границите и истите да се стават на располагање на полицијата. - Тоа ќе го понудиме на македонската страна преку наредните контингенти полицајци од Австрија и да можеме заштитата на границите на С Македонија да ја штитиме со дронови, рече меѓу другото Нехамер, најавувајќи и поддршка од Австрија за нашата држава и во ФРОНТЕКС. цр/скс/

Остани поврзан