• недела, 28 април 2024

Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Спасовски на средба со пензионери од Куманово: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 19 април 2024

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.

Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите, истакна Спасовски.

Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа за пратеници од СДСМ во Втора изборна единица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан