• сабота, 11 мај 2024

Спасени 30 и загинати две лица во несреќата со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос

Спасени 30 и загинати две лица во несреќата со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос

Атина, 10 јануари 2024 (МИА) – Спасени 30 лица на копно, извлечени безживотните тела на две лица и акција што е во тек е билансот од несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Преживеаните мигранти биле пронајдени во планински дел на островот, еден од нив бил префрлен во болница, а животот го загубија еден маж и една жена.

Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје.

Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест дел на копното.

Спасувачката акција на Крајбрежната служба на Грција се води на копно во тешки временски услови за евентуално пронаоѓање на други преживеани. ср/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан