• петок, 05 декември 2025

Најмалку 48 Палестинци и четворица израелски војници денеска се убиени во Газа

Најмалку 48 Палестинци и четворица израелски војници денеска се убиени во Газа

Тел Авив, 18 септември 2025 (МИА) - Најмалку 48 лица се убиени денеска во израелските напади во Појасот Газа, објавија палестински извори.

Болничките извештаи наведуваат дека дури 38 од денешните жртви се во градот Газа, во кој израелската армија од пред два дена ја започна долго најавуваната копнена офанзива, јави ДПА.

Израелската војска (ИДФ) денеска, исто така, објави дека четворица нејзини војници се убиени од експлозивна направа поставена крај пат кај Рафа, во јужниот дел од територијата.

Портпаролот на ИДФ изјави дека досега околу 450.000 Палестинци избегале од градот Газа, кој претходно имаше население од околу еден милион жители.

Владата вели дека копнената офанзива на ИДФ има за цел да ја уништи палестинската милитантна група Хамас и да обезбеди ослободување на преостанатите израелски заложници.

Портпаролот на војската, Ефи Дефрин, изјави дека од почетокот на копнената офанзива израелската армија нападнала повеќе од 1.200 цели, пренесува ДПА

Информациите од двете страни во моментов не можат независно да се потврдат, додава германската агенција.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас и други исламистички терористи започнаа напад врз Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе и беа киднапирани повеќе од 250 во Појасот Газа.

Оттогаш, повеќе од 65.000 Палестинци во оваа  крајбрежна енклава се убиени, вклучувајќи бројни жени и деца, покажуваат податоците на Министерството за здравство контролирано од Хамас.сд/

фото:ИДФ

Остани поврзан