• недела, 28 април 2024

Спасени се сите 174 заробени лица во кабините на жичарницата во Анталија

Спасени се сите 174 заробени лица во кабините на жичарницата во Анталија

Анталија, 13 април 2024 (МИА) – Успешно е завршена операцијата за спасување на 174 лица заробени во кабините на жичарницата во Анталија, соопштија денеска локалните власти.

Во соопштението се наведува и дека едно лице загинало, а седум лица се повредени кога потпорниот столб на жичарницата се урнал и удрил во кабина со патници, која паднала на земја, пренесува турскиот портал Сабах.

Жичарницата превезува туристи до максимална височина од 605 метри во централното подрачје на областа Анталија Коњалти и е во сопственост на општината на градот Анталија.

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч на социјалните мрежи објави дека на 13 осомничени за овој инцидент им е одреден притвор.

Вчера во 17:28 часот по локално време, столб од жичарница се урна и удри во кабина, што резултираше со несреќа во која едно лице загина, а седум лица, меѓу кои две деца, се повредени, додека 174 лица во 24 кабини останаа заробени во кабините над бездна.

Во текот на ноќта и денеска се спроведуваа спасувачки операции со употреба на седум хеликоптери приспособени за ноќни операции, 87 возила и околу 500 лица.

Спасувачката акција траела речиси 23 часа, соопштија надлежните служби. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан