• вторник, 05 ноември 2024

Спасени пет лица од под урнатините на ракетираната зграда во Часив Јар

Спасени пет лица од под урнатините на ракетираната зграда во Часив Јар
Киев, 10 јули 2022 (МИА) – Спасувачките екипи извлекоа пет лица од под урнатините на ракетираната зграда во украинскиот град Часив Јар, а се трага по уште 24 луѓе. Во синоќешниот рускиот напад врз Часив Јар погодена е петкатна станбена зграда, при што загинаа најмалку 15 лица. Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од Краматорск, град кој се очекува да стане значајна цел на руските сили во нивната офанзива на запад. ми/

Остани поврзан