Спалети пред Шпанија: За нас сите првенствени натпревари се дерби
- Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со шпанскиот тим на Евро 2024 година.

Гелзенкирхен, 20 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го сподели своето мислење за претстојниот натпревар со шпанскиот тим на Евро 2024 година.
- За нас сега сите првенствени натпревари се дерби. Така е секогаш на големите турнири. Ова се натпревари кои се единствени. И јас ги третирам со најголема грижа, изјави Лучијано Спалети во пресрет на вечерашниот натпревар.
Средбата е закажана за вечер во 21 часот во Гелзенкирхен. зс/
Фото: ЕПА