• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Со 3, 55 милиони денари во Кочани ќе се рехабилитира улицата „Цар Самоил“

Со 3, 55 милиони денари во Кочани ќе се рехабилитира улицата „Цар Самоил“

Кочани, 23 јули 2025 (МИА) - Започна рехабилитацијата на улицата „Цар Самоил“ во Кочани, една од најоштетените во градското подрачје, информираат од Локалната самоуправа.

Во тек е гребење на асфалтот на потегот од спојот со улицата „14 Бригада“ кон спојот со улицата „Гоце Делчев“.

Избраниот изведувач „Стоименов“ ќе работи на потег долг 600 метри, со ширина пет метри. Рехабилитација опфаќа и дел од улицата „Христијан Карпош“ во Кочани.

Средствата во износ од 3.558.467 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани. Според најавите, се очекува работите да завршат во текот на месец август. ис/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан