9 октомври 2025
Скопје - Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта во организација на Парламентарниот институт. (Собрание, сала „Борис Трајковски“, 9:00 - 12:00 часот)
Криволак - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „Боран“, и презентација на новата набавка на армиска униформа. (Армиски полигон „Криволак“/11:00, изјава за медиумите по завршување на настанот)
Скопје - Промоција на втората сезона на подкастот „Бизнис клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. (р. „Уранија“, Градски Парк бб/12:00)
Штип - По повод Меѓународниот месец на борба против ракот на дојка, СОМА (Студентски организирана медицинска асоцијација) организира еднодневен семинар на тема „Розов октомври“ со слоганот „Телото зборува, умот страда. Ајде да слушaме“. (х.„Изгрев“/10:00, изјави за медиумите/9:30
Скопје - Прес-конференција по повод Светскиот ден на видот во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари. (Простории на Ресурсен центар - Скопје Бул. Климент Охридски бр. 21/14:00)
Скопје - Работилницата „Младите и корупцијата: Ставови, искуства и решенија“ во организација на Аналитика тинк тенк. (х.„Холидеј Ин“/10:45)
Битола - Денови на македонското пчеларство. (Плоштад „Магнолија“/12:00)
Прилеп - Отворање на 15. „Поетски слем Македонија“ со промоции, изложби, поетско-музички перформанси. (ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“/20:00)
Софија - Промоција на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на Елизабета Шелева. (КИЦ/18:30)
Скопје - Промоција на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски. (Јавна соба/20:00)
Скопје - Перформанс Платформа Фестивалот (ППф) 2025
-Сесија „фанзин во процес“ - отворена работилница, заедничко промислување, повик за заедничка изработка на фанзин поврзан со (не)конференцијата „(Еко)Феминизам во практиката/ите: преосмислување на уметноста и кураторските иднини“. (Џебно кино/12:00)
-BLISS танцов перформанс на Рамона Нагабчињска - разговор со Ирена Цветковиќ, независна истражувачка во областа на родовите студии. (МКЦ/20:00)
Скопје - Отворање на фестивалот Деновите на словенечки филм со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024), во режија и сценарио на Соња Просенцво. (Кинотека)
Битола - Концерт на „Интерфест“ со трио „Хоризонти“ од Швајцарија. (Офицерски дом/20:00)
Скопје - Концерт на Дувачкиот квартет „Консонанс“. (Музеј на македонската борба/20:00)
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025:
Скопје - ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат средби со граѓани во Зелениково (16:30), Илинден (17:00), Центар (19:30) и во Кисела Вода (20:30)
Скопје - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција. (Општина Центар, пред Лимак, на крстосницата меѓу булевар ,,Македонија” и булевар ,,Кочо Рацин”/11:00)
Скопје - Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски ќе даде изјава на локација за увид на „Палмиро Тољати“. (Линк од локација: https://maps.google.com/maps?q=42.0013720,21.4990080 / 11:00)
Демир Капија/Росоман/Кавадарци/Неготино - Караванот на СДСМ е во Демир Капија (17:30), Росоман (17:30), Кавадарци (18:30) и во Неготино (20:00)
Скопје - Изјава за медиумите на даде Каја Шукова - кандидатка за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата. (Паркот кај Авиончето, Аеродром / 10:30)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот на ВРЕДИ за градоначлник на Општина Чаир, Изет Меџити. (Локација: https://maps.app.goo.gl/Z1s5rTvdSLMeeyqBA?g_st=ipc / 12:00)
Тетово - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами. (во паркот кај Џамијата на Сахат/11:00)
Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адем и кандидатот за градоначалник на општина Струга, Арсим Далипи. (седиште на ДУИ/11:30)
Скопје - Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи (Паркингот кај Пластичарска, во близина на Бурдем 2/12:00)
Росоман - Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Влатко Трајков, и останатите кандидати за советници ќе присуствуваат на средба со граѓани. (изјави пред канцеларија на ЛО Левица – Росоман/16:00)
Кавадарци – Претседателот на ПП Левица, Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Круме Богевски, и останатите кандидати за советници ќе присуствуваат на средба со граѓани. (изјави на Градски плоштад/18:00)
Скопје - Промоција на кандидатот за градоначалник во Гази Баба Тоне Димковски и советници во општината, предложени од Работничка партија. (населба Автокоманда, плоштад Филип 2 / 12:00)
_______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***