• петок, 05 декември 2025

Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец

Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец

Кавадарци, 15 ноември 2025 (МИА) - Приведен бил 24-годишен кавадарчанец, кој со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, соопштија утрово од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Денеска во 00:20 часот на улица „Ѓорѓи Соколов“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Д.А.. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ фолксваген транспортер“ со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.59 промили алкохол во крвта, информираа од СВР - Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот, како што појаснија, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. свд/сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан