• понеделник, 09 декември 2024

Со триесет милиони денари се гради повеќенаменски објект во кавадаречко Дреново

Со триесет милиони денари се гради повеќенаменски објект во кавадаречко Дреново

Кавадарци, 13 ноември 2024 (МИА) - Со триесет милиони денари се гради повеќенаменски објект во кавадаречкото село Дреново, информираа попладнево од  кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

- Во тек на изградба е повеќенаменскиот објект во село Дреново на површина од 530м2, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360м2, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново, појаснија од градоначалничкиот кабинет. 

Оттаму додадоа дека инвестицијата е на Општината, којашто, како што нагласија, подеднакво инвестира како во урбаните, така и во руралните средини на општинско ниво. свд/са/

Фото: Општина Кавадарци 

Остани поврзан