• недела, 22 декември 2024

Со помош на Брисел ќе најдеме техничко решение за Коридорот 8, вели Мицкоски

Со помош на Брисел ќе најдеме техничко решение за Коридорот 8, вели Мицкоски

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Криминалците нема да профитираат од проектот со Коридорот 8, односно изградбата на кракот до границата со Бугарија, а Владата со помош на Брисел ќе најде техничко решение, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

- Во комуникација сме со одговорните во Брисел, подготвени сме на технички дијалог. Ја прифативме понудата да учествуваме во процесот во Брисел во кој заедно ќе најдеме техничко решение. И добро е што се изборивме да не потрошиме најмалку 500 милиони евра пари на македонските даночни обврзници и 250 милиони евра пари на европските даночни обврзници во процедура полна со технички недостатоци и основано сомнение за корупција и криминал, изјави Мицкоски. 

Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден, Мицкоски побара трпеливост во однос на прашањето за пријавување на понудениот поткуп за реализација на проектот.

- Она што е важно е што тие криминалци нема да профитираат од овој проект, бидејќи Министертсвото за транспорт ги повлече членовите од тендерската комисија. Тендерската комисија сега нема легитимитет да одлучува и очекувам оваа тендерска постапка да биде поништена за делот 3 од Коридорот 8, односно пругата меѓу Куманово и граничен премин Бугарија, рече Мицкоски.

Според него, добро е што граѓаните нема да потрошат половина милијарда евра за изградба на, како што нагласи, пола тунел во слепа улица и дека на 30 семејства од Крива Паланка нема да им бидат урнати куќите, туку ќе најдат начин како сето тоа технички да го направат. сс/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан