• среда, 24 април 2024

Со ново возило ќе се одржува чистотата на градските улици во Пехчево

Со ново возило ќе се одржува чистотата на градските улици во Пехчево

Пехчево, 19 март 2024 (МИА) - Општина Пехчево доби специјално возило за одржување на чистотата на улиците во градот. Возилото, како што информираа од Општината, во зимскот период ќе се користи и за расчистување на снегот.  

- Се работи за специјално возило за машинско водено метење и чистење на улиците која претставува можност за осовременување и замена на рачното метење, истакнаа од Општината.

Со тоа, додаде градоналникот Александар Китански, Општина Пехчево ќе може да ја исполни обврската за подобра животна средина кон граѓаните во делот на подобрување на комуналните активности.

Машината е обезбедена со средства од Министерството за локална самоуправа преку Биро за регионален развој.

Од комуналното претпријатие во Пехчево додадоа дека со новото машинско чистење на улиците ќе се олесни секојдневната работа во делот на одржување на хигиената низ градските улици. вс/цр

Фото: Општина Пехчево 

Остани поврзан