Со механизација спречена поплава во селата Горни и Долни Подлог
Кочани, 28 ноември 2025 (МИА) - По обилните врнежи од дожд неделава, поради зголемен водостој на реките и наплив на вода во каналската мрежа, селата Горни Подлог и Долни Подлог беа под закана од поплава поради излевање на водите од околните канали.
Директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев во координација со екипи од Општина Кочани излегоа на терен, интервенираа со механизација и спречија излевање и поплавување на селата Горни и Долни Подлог, информираат од Општината.

Екипите остануваат во мобилна состојба, бидејќи водостојот на вештачките акумулации расте – браните „Гратче“ и „Калиманци“ се на прелив, се наведува во соопштението доставено до медиумите.

Општина Кочани апелира жителите на овие села да ги исчистат одводните вади и канали пред своите домови. ис/дма/
Фото: Општина Кочани