Со договор меѓу Центарот за развој на Југоистокот и Василево ќе се гради улица во селото Пиперево
- Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, потпишаа Договор за партнерство за реализација на проектот „Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот плански регион“, во чии рамки во селото Пиперево целосно ќе биде реконструирана улицата што води од гробиштата кон амбуланта.

Струмица, 18 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, потпишаа Договор за партнерство за реализација на проектот „Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот плански регион“, во чии рамки во селото Пиперево целосно ќе биде реконструирана улицата што води од гробиштата кон амбуланта.
-Нека е аирлија уште еден нов проект! Ќе се асфалтира улицата која води до амбулантата во Пиперево. Со директорот на ЈИПР, Ѓоко Камчев, го потпишав договорот за изградба на улица во Пиперево, која води до Амбулантата-нов проект со целокупна потребна документација за негова реализација, објави градоначалникот Андонов.
Според договорот, планираните средста за реализација на Проектот изнесуваат 5.009.396 денари од кои 3.423.278 се обезбедени од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, а Општина Василево ќе учествува со сопствени средства во вкупен износ од 1.586.118 денари, за што Советот на општина Василево има донесено Одлука.
Должината на улицата изнесува 420 метри а ширината околу 4,5 метри, односно 1.930 метри квадратни нов асфалт во целата должина на улицата.рт/
Фото: Општина Василево