Со дефиле низ штипските улици се одбележа Денот на пожарникарите
- Командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов вели дека активностите продолжија по основните училишта каде се поделија флаери на учениците и родителите, со цел да се запознаат со работата на пожарникарските служби.
Штип, 20 мај 2025 (МИА) - Пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Штип со дефиле низ улиците го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарите.
Командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов вели дека активностите продолжија по основните училишта каде се поделија флаери на учениците и родителите, со цел да се запознаат со работата на пожарникарските служби.
-Најпрво сакам да им го честитам овој ден на сите пожарникари. Ова е наш ден. Ние денеска го одбележавме денот со возење низ градот како еден ритуал. И ги посетивме основните училишта, изјави Ренџов.
Ренџов вели дека помалку интервенции, помалку пожари посакува секој пожарникар, но сите вработени се нготов и тоа 24 часа, а во текот на денот да реагираат доколку за тоа има потреба.
-Во однос на работата, се надеваме дека оваа година ќе имаме помалку интервенции, помалку работа. Во делот на кадарот и во делот на опремата секој пат ќе недостасува и кадар и опрема, рече Ренџов.
ТППЕ Штип располага со шест возила за гаснење пожар во урбана средени и три возила за шумски пожари. Во моментот најнеопходно е набавка на едно возило со скали согласно конфигурацијата на град Штип, и уште едно возило за урбана средина.вдј/ар
Фото:МИА