• недела, 28 април 2024

Сочувство од Советот на амбасадори по катастрофалниот земјотрес во Туција и Сирија

Сочувство од Советот на амбасадори по катастрофалниот земјотрес во Туција и Сирија

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - Советот на амбасадори денеска изрази сочувство за настраданите по катастрофалниот земјотрес што ги погоди вчера Турција и Сирија.

-Советот на Амбасадори со длабока тага и жалост ја прими веста за катастрофалниот земјотрес кој тешко погоди некои делови на Турција и Сирија во кои се најдоа неколку илјади загинати и повредени луѓе. По повод овој трагичен настан Совет на Амбасадори ја дели болката со семејствата на загинатите и им изразува длабоко сочуство, а на повредените им посакува брзо оздравување, се вели во денешното соопштение. 

Од Советот на Амбасадори ги повикуваат граѓаните согласно нивните можности во овие тешки денови за жителите на погодените региони на Турција и Сирија од катастрофалниот земјотрес да придонесат за санирање на ова тешка состојба. сст/са/

Остани поврзан