Состојба на патиштата
- Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.
Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.
Како што информира Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.
Фото: МИА архива