Соопштение од Клубот на пратенички за родово заснованото насилство
- Почитувани граѓанки и граѓани, Ние, жените пратенички, од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, кои едногласно ги подржаваме измените на Кривичниот законик врзани за родово заснованото насилство, ОСТРО и СИЛНО ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид.
29 септември 2023
Почитувани граѓанки и граѓани,
Ние, жените пратенички, од Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, кои едногласно ги подржаваме измените на Кривичниот законик врзани за родово заснованото насилство, ОСТРО и СИЛНО ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид.
Воедно, јавно изразуваме согласност со „Националната мрежа проти насилство врз жени и семејно насилство“ од страна на ОЈО да се земат во предвид сите елементи кои укажуваат на ФЕМИЦИД , во грозоморното дело во Кочани и делото да се оквалификува како такво, наместо убиство на свиреп начин.
Повикуваме на итен и ефикасен ангажман на сите органи, организации и субјекти, надлежни за превенција, спречување и санкционирање на родово заснованото насилство, потсетувајќи на заедничката и поделена одговорност за злото со кое се соочуваме.
Клуб на пратенички и Комисијата за еднакви можности на мажите и жените
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива