• сабота, 27 јули 2024

Сообраќајот по претежно влажни коловози, снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево

Сообраќајот по претежно влажни коловози, снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Како што информира АМСМ, врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан