Сообраќајот повторно преку клучката кај Подмоље на магистралниот пат Охрид и Струга кон Кичево
- Полицијата соопшти дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље.
Охрид, 23 декември 2025 (МИА) – Полицијата соопшти дека во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље.
Со тоа, како што посочуваат од СВР – Охрид, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.
Од полицијата се упатува апел до возачите при користење на тој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и останатата поставена хоризонтална и вертикална сигнализација и со тоа, да придонесат за зачувување на сообраќајната безбедност. аб/дма/
Фото: МИА архива