• четврток, 04 декември 2025

Сообраќајот на патиштата утринава по влажни коловози

Сообраќајот на патиштата утринава по влажни коловози

Скопје, 8 октомври 2025 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан