• четврток, 14 ноември 2024

Сообраќајот умерен по наместа влажни коловози

Сообраќајот умерен по наместа влажни коловози
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан