• недела, 22 декември 2024

Сообраќајно едукативно предавање со пензионерите од Делчево во рамки на кампањата ,,Патуваме безбедно"

Сообраќајно едукативно предавање со пензионерите од Делчево во рамки на кампањата ,,Патуваме безбедно

Делчево, 3 септември 2024 (МИА) - Во рамки на кампањата „Патуваме безбедно" во организација на Општина Делчево и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, денеска се реализираше сообраќајно едукативно предавање со пензионерите во Здружението на пензионери во Делчево.  

Целта на ова предавање беше да се потсетат повозрасните граѓани за важноста од одговорно учество во сообраќајот како пешаци и возачи, ризиците од непочитувањето на правилата и прописите, но и на последиците од неодговорното учество во сообраќајот преку презентирање на податоци за случени сообраќајни незгоди. 

- Посебен акцент беше ставен на употребата на сигурносните појаси во возилото од страна на возачот и сопатниците, ограничувањата на брзината во населените места, ризикот од употребата на алкохол и управувањето со возило, прописното паркирање, употреба и користење на јавниот број 112 во итни ситуации, учеството во сообраќајот како пешаци и нивна самозаштита. На присутните им беаподелени и флаери со едукативна содржина кои беа обезбедени од страна на РСБСП, информираа од Општината.

Согласно анализата на сообраќајни незгоди за 2023 година за подрачјето на Општина Делчево лицата во старосната категорија 65+ припаѓаат во ранливата категорија на учесници во сообраќајот каде две лица од оваа старосна категорија го имаат изгубено животот, а три лица се здобиле со тешки телесни повреди. 

- Согласно старосната структура на возачите кои учествувале во сообраќајните незгоди 10% припаѓаат на групата 65+, а 14% припаѓаат на групата 55-64 години, беше кажано во рамки на предавањето пред делчевските пензионери.

Оваа активност е дел од мерките за безбедност на патиштата предвидени во Стратегијата за безбедност на патиштата на Општина Делчево 2023-2027 година во идентификуваната категорија – лица постари од 65 години. вс/цр

 

Фото: МИА

Остани поврзан