• понеделник, 29 април 2024

Сообраќајка на регионалниот пат Велес - Градско, има повредени, сообраќајот во прекин

Сообраќајка на регионалниот пат Велес - Градско, има повредени, сообраќајот во прекин

Градско, 21 април 2024 (МИА) - Сообраќајка се случила вечерва на регионалниот пат Велес - Градско, има повредени, сообраќајот е во прекин, потврдија од СВР Велес за МИА. 

- Денеска  во СВР Велес е пријавено дека во 17.10 часот на  регионалниот пат Велес-Градско, во близина на исклучок за село Црквино, се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и товарно возило. Во незгодата има повредени лица кои со возило на ИМП се пренесени во Ургентен центар во Велес. Сообраќајот е во прекин поради вршење на увид на местото, рекоа од СВР Велес. 

Оттаму не можеа да дадат повеќе детали за сообраќајката. свд/нд/

Остани поврзан